ШТО Е ХИПОТЕКАРЕН КРЕДИТ ?

Хипотекарен кредит е заем од банка под одредени услови кој банката ги одредува. Овие кредит обично се ненаменски кредити и се обезбедени со хипотека на недвижност.

Максималниот износ и  рок за овие  кредити е различно во зависност од банката која аплицирате. Обично се движат на износ до 150000 еур и рок од 15 до 20 години.

Со цел на зголемување на кредитната способност може да се вклучат и ко-кредитобаратели и тоа само членови на потесно семејство.  Зависно од износот кој ќе аплицирате секоја банка има своја кредитна политика. Како ќе настапува за секој случај поединечно банката има право да бара обезбедување за кредитот и тоа во тип на жиранти/гаранти, солемнизација на договор за кредит кај нотар или пак осигурување на кредитот.

Кај овие кредити постои можност за предвремено затварање но за тоа треба да се провери договорот дали има пенали.

Документи потребни за кредит:

  • Барање за кредит;
  • Копија од важечка лична карта или пасош(доколку има кокредитобаратели или пак жиранти треба и нивна лична карта или пасош);
  • Извод од банка за последни 3-6 плати;
  • Потврда дека сте вработени(обично банките бараат да се во нивни обрасци, доколку има кокредитобаратели или пак жиранти треба и нивна лична карта или пасош);
  • Имотен лист од недвижноста;
  • Фактура за производ кој е предмет на купопродажба.

Ние ги споредиме понудите од широк спектар на кредитори во државата!

Ние работиме со повеќе кредитори, вклучувајќи ги и повеќето од големите брендови кои ќе ви помогнат да ги позајмите потребните средства.

Внимание!
 
Банките или пак институциите кои ги даваат кредите имаат право на промена на условите затоа ве молиме бидете внимателни во разгледување на податоците и носење одлука и проверетеги пресметките за креди, можно е да има разлика од неажурирање на податоци. Во пресметките за кредити не се внесени трошоците за осигурување на кредит и нотарските трошоци.